Очекувам да бидеме при крај со автопатот Кичево-Охрид, во завршна фаза или најдоцна до првиот квартал на 2027 година, порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања.
– Имаме мал проблем со проектирање на косините кои треба да ја стабилизираат земјата за да не ни се свлече, за да нема инциденти, на линија се со потпретседателот на Влада и жестоки сме со таа компанија која си игра мајтап со трпението и мислам дека треба да престанат да си играат мајтап и да го заврши тоа што требаше во февруари, па се продолжи до октомври и сега пак бара рок до февруари. Жестоко работиме на реализација на коридорите 8 и 10д, очекувам да имаме огромен напредок, очекувам завршување на реализација на капитални во други сегменти и отпочнување на нови, изјави Мицкоски.
Мицкоски истакна дека за следната година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата.












