На 19.11.2025 во 20:45 часот на струшкото крајбрежје, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа лице на (41)г. од селото Заграчани, струшко.
Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил марихуана, која е најдена и одземена.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.











