ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (69)г. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа еден пиштол калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.












