АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд

Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно испумпување за да не се предизвикаат штети врз објектите.

‎Покрај справувањето со поплавените површини, екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид интервенираа и на неколку локации каде што силниот дожд и ветерот предизвикаа пад на дрвја, со што беа блокирани делови од јавните површини.
Дежурни екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид ќе бидат на располагање на граѓаните и во текот на ноќта и во наредните денови.