Обука за вработените во хотелите коишто се дел од пилот проектот Хорека во рамките на “Одржливо управување со отпадот на локално ниво” финансиран од Шведска, реализиран од SALAR International.
Девет хотели се дел од овие пилот активности за воспоставување на одржлив и ефикасен систем за селекција и правилно одлагање на различните фракции во угостителските објекти.
Хотелите се еден од најголемите генератори на отпад во Охрид, нивното рано вклучување во системот е од витално значење за успех на целиот систем и обезбедување на чист и убав Охрид.
Благодарност до хотелите учесници за нивната сериозна подготвеност да го трансформираат своето работење со прифаќање на позитивни пракси за управување со отпадот.











