АктуелноОхрид

(ФОТО) Се расчистуваат диво создадени депонии од зелен и кабаст отпад од несовесни поединци

И покрај реализираните акции (редовни и вонредни) за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски површини, како и кабаст отпад, повторно создадени диви депонии на повеќе локации со енормни количини отпад. Само во текот на вчерашниот ден се подигнати 105 м3 зелен отпад
✔️Оперативните служби, со ангажман на расположливата специјална механизација, вчера и денес, реализираа акција за подигнување зелен и кабаст отпад од мини депонии создадени од несовесни поединци од ул.,,Кленоец”, населба,,Црногорци”, од просторот на поранешната касарна и село Долно Лакочереј