Надворешнaта канцеларија за криминалистички работи Дебар, поднесе кривична пријава против лице на (70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Во текот на јули 2025 на катастарска парцела во Дебар, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост, поставувајќи бетонски ѕид.









