Вчера го сахранивме и го испративме во вечното почивалиште. Нека му е вечна слава, на вујко ми Муши- охридската урбана легенда. Со неговото бузуки беше препознатлив на целиот град Охрид и пошироко, беше и еден вид туристичка атракција, а свиреше препознатлива музика со звуци и арии од целиот свет, за туристите во Охрид, напиша во својата објава Рубин Земон.












