АктуелноВидеаВидео

(ВИДЕО) Во 1937 „Галичник“ вози од Скопје преку Битола , Охрид, Струга, Дебар, Бигорски, Маврово, Тетово…

Како изгледало да се направи екскурзија низ Македонија во октомври,  далечната 1937 година. Во видео материјал објавен на Јутуб прикажана е екскурзија , која најверојатно  тогашното кралство Југославија,  ја прави за некаква странска делегација, а во која со автобус кој се вика „Галичник“ се возат од Скопје до Битола, потоа за Охрид, ( каде е снимен дочек на делегацијата ) , потоа се заминува за Струга, од каде продолжуваат до Дебар ( не постојат Дебарско и езерото Глобочица ) , го посетуваат Бигорскиот Манастир, снимени се Маврови Анови ( не постои Мавровско Езеро ) и потоа преку Тетово се враќаат во Скопје. Патувањето е со точни датуми и трае неколку дена.