Синоќа имав исклучителна чест да бидам во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата.
Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските денови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“.
Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставиле свои траги. Дел од тие траги видливи се и денеска, кои и натаму предизвикуваат интерес кај науката, но и кај бројните домашни и странски туристи. Токму врз таа испреплетеност на остатоците од минатото, културните и природните реткости, Охрид е препознатлив во светот.
Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот и заштитата на вековното природно и културно богатство.
Верувам дека во наредните два дена со презентациите, научни согледувања и идеи, ќе ни помогнете да изградиме уште посилен институционален механизам и пристап во археолошката наука, а со тоа и во значителна мера во заштитата на богатото културно наследство со кое изобилува Охрид и Македонија.











