АктуелноОхрид

Пецаков: Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Голема чест и задоволство ми е што денеска имав можност, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да ги поздравам и да го означам почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“.
Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид.
Нашиот град има богата традиција и се гордее со истакнати стрелци кои постигнале забележителни резултати, како на национално, така и на меѓународно ниво. Особено не радува фактот што се појавуваат нови, млади генерации на стрелци, кои се талентирани и амбициозни и од кои очекуваме големи спортски успеси и нови рекорди.
Упатувам благодарност до организаторите на турнирот кои со својата посветеност и оваа година овозможија високо ниво на организација.
Како домаќини, искрено сме горди што можеме да бидеме дел од оваа спортска традиција и што имаме можност да го споделиме прекрасниот Охрид и нашето културно, историско и природно богатство со сите учесници.
Нека овој турнир биде уште еден чекор кон зајакнување на спортскиот дух и меѓусебната соработка. Им посакувам голем успех на сите натпреварувачи, а на гостите пријатен престој во Охрид.