Наш изборНаш ИзборОхрид

M-р Марина Ѓоргоска ја предводи Советничката листа од ЗНАМ Охрид

Почитувани граѓани, наши членови, симпатизери, поддржувачи,
Со голема чест, задоволство, благодарност и огромна одговорност ве информораме дека Општинската организација – Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија официјално до Општинската изборна комисија – Охрид ја достави Советничката листа на кандидати за членови на Советот на општина Охрид, предводена од м-р Марина Ѓоргоска, актуелна директорка на ОУ “Христо Узунов” – Охрид, дипломиран наставник по одделенска настава и магистер по методика, математика и дидактика.
Охрид е наша гордост, но и наша одговорност.
Охрид не е само град – тој е дел од нашата душа.
Чест е да го имаме, но и обврска да го чуваме.
Со почит,
Движење ЗНАМ За Наша Македонија – ОО-Охрид