АктуелноОхрид

Претрес во Охрид, пронајдено е оружје и дрога, приведено е едно лице

На 12.09.2025 во 21:15 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (39) од Охрид. При пртрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се воздушна пушка со калибар 5,5 милиметри и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја и марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.