Неодамна Јован Стојоски изјави дека Охрид му е најубав град на целиот свет, а сега токму таму ја запроси својата сакана Милица Грубер.

Македонскиот атлетичар, кој во 2020 година ја претставуваше нашата држава на Олимписките игри во Токио, ѝ приреди романтичен предлог за брак покрај црквата „Св. Јован Канео“ на српската тиктокерка позната под името Груберка.












