Македонија

Пожар во фабриката Биокосмос во Велес

Вечерва пожар ги зафати производствените погони на еден од најголемите македонски произведувачи на храна , фабриката Биокосмос во Велес – дознава Охрид1. Како што неофицијално дознаваме, пожарот избил како последица на удар на гром, кој според претпоставките удрил во сончевите панели за производство на електрична енергија. На терен се единиците на противпожарната заштита од Велес и го гаснат огнот.