АктуелноОхрид

Приведени две лица од Кичево, при семејна веселба од пиштол испукал неколку куршуми и повредиле момче

На 22.07.2025 во 02.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода (36) и (52) годишни лица од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, едното лице од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.