АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец кој физички нападнал сограѓанин

На 21.07.2025 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа (27) годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна поријава дека на пресекот на улиците „7 Ноември“ и „Марко Нестороски“ во Охрид физички нападнал (30) годишно лице од Охрид. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.