Uncategorized

Судар помеѓу автомобил и мотор на Партизанска – со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот

На 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (32) годишен жител од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од (22) годишен жител од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.