Со многу позитивна енергија и исклучителна музичка забава ја заокруживме третата, воедно и последна вечер од Ohrid Wine Festival.
Многубројната публика уживаше во препознатливите рефрени на Ареа, Влатко Лозаноски, Камелеон и музичкиот сет на DJ Jana.
Благодарност до сите посетители, винарии, музичари и сите кои беа вклучени во организацијата и кои придонесоа фестивалот да биде вистински летен настан за паметење.











