АктуелноОхрид

Самоволието на одредени гости продолжува: „Следен пат кога ќе паркираш вака колата ќе ја најдеш на трупци“

Жителите од стариот дел на Охрид, мака мачат со непрописно паркирани автомобили. Гостите паркираат буквално на секое слободно место, без притоа да внимаваат дали попречиваат движење. Денеска автомобил е паркиран точно пред скаличките кои водат до Стариот дел, па револтираните жители му оставиле порака на која пишува:

„Следен пат кога ќе паркираш вака колата ќе ја најдеш на трупци“.