АктуелноОхрид

(ФОТО) Неделен преглед од активностите на оперативните служби на Ј.П.,,Охридски Комуналец”

Теренските активности на Оперативните служби задолжени за одржување на јавната чистота и јавното зеленило се насочени кон тековно косење на тревните површини, а се започна и со наводнување на парковските и другите хортикултурни уредени содржини
✔️Покрај секојдневното одржување во градскиот парк и парковите во централното градско подрачје, се интервенираше во с. Рача, с. Елшани, с. Велгошти, населба Охридати, патен правец Охрид-Свети Стефан, ул.,, Сирма Војвода” и детско игралиште ул.,,Радојца Новичиќ”
✔️Се спроведе и темелно чистење на чаршијата со рачно отстранување на тврдокорни остатоци, а потоа и машинско миење на плочникот