Денеска на спортските терени во спортскиот центар Билјанини извори се одржаа 29те Регионални пензионерски спортски натпревари на пензионерите од 4от регион.
Вкупно пензионерите спортисти се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини а учество зедоа ЗП Струга, ЗП Вевчани, ЗП Дебар и Центар Жупа, ЗП Лабуништа, ЗП Кичево, ЗП Македонски Брод и домаќините ЗП Охрид и Дебрца, а кои учестувуваа во речиси сите предвидени дисциплини и освоија 13 први места.
Сспортските игри ги отвори секретарката на СЗПМ Менка Темелкоска, која им посака успех на сите спортисти, додека пак свои обраќања имаа и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој ги поздрави пензионерите и им посака добро здравје и многу успех во натпреварувањата . Свое обраќање и поздрави кон присутните имаше и домаќинот, претседателот на ЗП Охрид и Дебарца, Васил Маркоски.
На свеченоста која беше предвидена по натпреварите беа доделени дипломите за победниците како и благодарници за сите здруженија кои зедоа учество на 29те регионални спортски натпревари.
Настанот продолжи во добра и релаксирачка атмосфера каде пензионерите продолжија со забава на свој начин.