Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
Кога сме веќе кај договорите јас не знам како не ви е срам да седите тука во Собранието, па дури и земате храброст да критикувате јавно на седница стратешки договор помеѓу Македонија и една светска велесила. Историски договор за финансиска поддршка од над 5 милијарди евра за инфраструктурен развој на Македонија невиден досега.Како не ви е срам? Дали имате трошка морал и самокритика во вас? Скријте се под столчињата не работници! Она што вие и тие пред вас не го направивте во изминатите 30 години, го направи оваа Влада за само една година на власт.Ќе ве потсетам на вашите пазарџиски договори. Договори кои не беа насочени кон економски развој на Македонија, оние договори со кои се ни распродадовте по акциска цена за без пари.Името и идентитетот ги распродадовте и згора на тоа не убедувавте дека е во интерес на македонскиот народ. Бакнувавте пенкала, со кои стадовте потпис за промена на нашето уставно име , коленичевте пред Софија и го потпишавте договорот кој ден денес не кочи. Со два збора кажано не распродадовте. Знам дека сте нервозни . Нема да работат фирми за долен веш како на оној кој ви играше фудбал во владата а сега се крие со украдените пари. Патот на Македонија е трасиран кон економски развој и подобар живот за граѓаните.Се можело да се успее и без распродавањето на најсветото.Полека но сигурно доаѓа и одговорноста бидете спремни да се носите со неа, напиша на својот ФБ профил пратеникот Сашо Донев.
Донев за Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство: Патот на Македонија е трасиран кон економски развој и подобар живот за граѓаните!

Редакцијамај 28, 2025
posted on
