АктуелноОхрид

Директорот на БЈБ Јанев: МВР ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за бебедна туристичка сезона

Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата „Безбедно лето 2025“ .

Ова, го истакна директорот на бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Александар Јанев, при неговата денешна посета на СВР Охрид. Директорот Јанев ги посети и ОВР Струга и полициското одделение во струшкото село Велешта, каде беше запознат со активностите на полициските службеници за одржување стабилен јавен ред и мир и обезбедување поволна сообраќајна безбедност и во претстојниот период кога, на подраччјето на Струга и селата се зголемува присуството на граѓани кои се на привремена работа во странство а годишните одмори ги поминуваат во Струга и околните населени места.

При денешната посета на Охрид, директорот Јанев ја посети и полициската станица за гранични проверки аеродром „Св.Апостол Павле“ каде изврши увид во работата на полициските службеници кои работаат на контрола на патници за влез и излез во државата во услови на зголемен број на патници на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница. Директорот Јанев, ги нагласи напорите на Министерството за внатрешни работи за спроведување континуирани мерки за јакнење на професионалните капацитети и за пожртвуваните напори за јакнење на стручноста и грижата за безбедноста на граѓаните. Притоа како примарна цел првиот човек на БЈБ ја потенцираше неопходноста полицијата да ги стави во функција сите расположливи ресурси преку процесите на оптимизација, флуктуација, а воедно и дигитализација на сите работни процеси. Секако според Јанев императивно е разбирањето, односно мисијата кон чие остварување целиме – а тоа е дека секој еден полициски службеник мора да биде во служба на граѓаните, а се во интерес на нивната безбедност и сигурност.