АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Женската борачка репрезентација на Македонија на подготовки во Б.К. Аждер и Фит Бокс

Македонските репрезентативки во борење,  предводени од Марјан Христов, заедно со репрезентативките на Косово предводена од Ферат Рамадани, деновиве се на подготовки во Охрид, кои ги вршат во првиот и единствен охридски борачки клуб „Аждер“ и фитнес центарот  Фит Бокс. Овие подготовки се воочи претстојното Европски Првенство за 17 годишни млади борачки кое ќе се одржи од од 9 до 15 јуни во Скопје.

Овие подготовки се дотолку повеќе корисни за нашата Теа Донева , која тренира во Б.К. Аждер со тренерот Илија Спасески и нижи успеси на домашни и меѓународни турнири, а на крајот од јуни ја очекува Европското Првенство за 15 годишни каде што таа ќе има настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fit Box (@fitboxmk)