Нешто што одамна недостасуваше во Струга. Ликовен настан кој зрачи со енергија, ја полни душата и окото, никого не остава рамнодушен.
Вечерва во центарот за кутлруа „Браќа Миладиновци “ во Струга беше отворена изложба под наслов “Преогразби“ и „Фрагменти на идентитетот“ од стружанките Јованка Миса и Ивана Стојанова. Пред огромна публика двете ги претставија своите врвни уметнички дела во кои се гледа дека е вткаен голем труд, љубов, посветеност и енергија. Секое уметничко дело е приказна само по себе, го гледаш и мислиш дека зборува, дека води дијалог со тебе, или пак ја прераскажува својата иднина, минатост или историја која се гледа во неговата длабочина.
– Ќе бидам искрена, не сум од оние што умеат лесно да зборуваат за себе, особено не на вакви места и во вакви мигови. Па можеби и овојпат наприродно е да се потпрам на искреноста и на чувствата. Зашто токму емоцијата во сите нејзини облици, зборови, бои ме доведе токму овде вечерва пред вас. Во себе носам многу од животот, многу радости, многу љубов и луѓе шро ми се мои, блиски и драги. Тие се мојот поттик, тие се мојата инспирација во се што сум и се што правам, истакна во своето обраќање уметничката Јованка Миса.
-Секое дело води од желбата да се залува нешто исконско и да се преточи во нешто ново, современо и живо. Потребата од семејството и љубовта се дополнителна инспирација на моите дела.Ви благодарам што сте тука и сите вие за што сте наша поддршка и што дозволувате да допреме до вас, до сите вас кои носите топлина во себе. Сакам да истакнам и благодарност до мојот колаега Кирил Митрески. Заедно со Јованка и Кирил создадовме нешто прекрасни, истакна во својот говор уметничката Ивана Стојанова.
Целокупната изложба беше поделена на посебни делови, фрагменти согласно уметничките дела кои беа изложени и кои сами ја отсликуваа својата претстава, па така секој посетител не можеше само еднаш да ја погледне изложбата, туку напротив се гледаа и навраќаа неколку пати се со цел да се пронајде својата омилена композиција, а тоа беше навистина тешко, да се издвои уметничко дело кое е најубаво, бидејќи сите ја отсликуваа својата тематика и остануваат во длабоко сеќавање.
Дел од изложбата беа и посебно отсликани фрагменти кои само го дополнуваа целокупниот волшебен простор кој Јованка и Ивана го имаа смислено до најголема перфекција.
Во рамки на изложбата беше промовирано и ново музичко дело од страна на Кирил Митрески , композиција која е напишана од талентираната Ивана Стојанова.