МТТФ со 4 златни, 10 сребрени 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка се врати од “ГРАН ПРИ Зворник 2025” 
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2025” во Б и Х, кој е еден од најпрестижните натпревари во регионов за пролетната натпреварувачка сезона. На овај натпревар силите ги одмерија 405 натпреварувачи од клубови од 10 земји од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Молдавија, Италија, Словенија,Хрватска, Унгарија и БиХ.

МТТФ на овај натпревар настапи со 18 натпреварувачи од Клубовите ТК “Хва Ранг Итф” Лескоец- Охрид и од ТК “Сонкал “Мислешево- Струга, поради матурите и екскурзиите нашите најдобри поединци од оправдани причини не учествуваа, па затоа учество зедоа повеќе дебитанти кои не изнандија со одлични резултати,со оглед на нивното искуство, осовјувајќи вкупно 23 медали од кои 4 златни, 10 сребрени , 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка Миа Танеска. Нашите помлади натпреварувачи поради добрата мотивираност од страна на Владимир Димитириевиќ (осовјувач на медал од последното Европско првенство) и со желба за место во првиот состав на МТТФ , го дадоја својот максимум, но поради неискуство многу финални борби ги загубија. Ова беше преголемо изненадување од нивна страна , знаејќи дека не се многу искусни , очекувањата за успех беа многу помали, но убаво е чувството кога ќе бидеш пријатно изненаден од нивната пожртвуваност и храброст. Миа Танеска која е во репрезентацијата на МТТФ, докажа дека нејзиното место е заслужено, осовјувајќи златен медал во форми, сребрен медал во борби и пехар за најдобра кадетка на овај престижен натпревар , изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ, кој користи прилика да се заблагодаруви за нивното учество на овај престижен натпревар на Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , Општина Охрид и Министерство за Спорт.

Резултати по клубови
ТК “Хва Ранг Итф” Лескоец- Охрид
3 златни, 6 сребрени, 8 бронзени и пехар за најдобра кдетка
ТК “Сонкал “Мислешево- Струга
1 златен, 4 сребрени, 1 бронзен












