АктуелноОхрид

Полицијата пронајде марихуана кај 26-годишен стружанец на улицата „Пролетерски бригади“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против (26) годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.