На 17.05.2025 во 21.20 часот во кичевското село Челопеци е приведен (61) годишен маж од истото село затоа што агресивно се однесувал кон жена и нејзиното малолетно дете, а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.











