Голем број верници денеска беа дел од големото осветување на црквата Св. Петка која се наоѓа во центарот на селото Радожда.

Најнапред во црквата се служеше Света Богослужба со причест а потоа се изврши и крстење на вода.

Потоа следеше и општонароден ручек по повод големото осветување.

Верници во голем број преку целиот ден денес ја посетуваа црквата, палеа свеќи и оставаа дар и пари за здравје и среќа кон оваа голема светитлека во Македонија.

















