АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Охрид – со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин го проголтал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (30) годишно лице  од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик. Тој, на 07.03.2025 во 17.10 часот, од лице  Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога. Притоа, лицето со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.