АктуелноОхрид

Највкусните торти и колачи за кои зборува целиот град од денеска уште поблиску до Вас: Започна со работа слаткарницата „Кај Мама“ на „Мама Љубинка“

Највкусните торти и колачи за кои зборува целиот град, од денеска се уште поблиску до охриѓани и сите вљубеници во најслатките вкусови, започна со работа слаткарницата „Кај Мама“ на „Мама Љубинка“.

Истата е лоцирана во склоп на Градскиот пазар, помеѓу КАМ маркетот и пазарот и нуди одличен избор на торти и колачи, но и најквалитетно кафе за сите сладокусци.

– Од денеска ве очекуваме на нови најслатки задоволства, сега уште опблиску до Вас. Можете да одберете од готовата понуда на торти и колачи по посебно прилагодени цени, но можете да направите и специјализирана нарачка и да ви изработиме торта или колачи по ваша желба. Сега е уште полесно и подостапно, на само чекор до вас. Ве очекуваме заедно да уживаме во слатката магија. Имаме и одлично кафе, супер брз интернет за да останете во контакт со сите додека уживате во кафето или слатките, кои можете да ги консумирате и на лице место, порачуваат од „Кај Мама“.

Со традиција од 2003 година, „Мама Љубинка“ ги прави највкусните и најубавите торти и колачи во Охрид. Од ноември минатата година започна да работи по нови критериуми, со проширен капацитет и асортиман, на врвна опрема од најпознати светски производители и по сите стандарди, подготвени се да одговорат на сите вљубеници во слатките задоволства. Овие торти и колачи се повеќе од слатки – тие се уметност што ве води на патување низ вкусовите и боите, нешто во што ќе уживате со сите сетила.

Најквалитетни состојки во тортите за сите пригоди: свадби, родендени и секакви свечености. Можеби некогаш едноставно ви се јаде благо после напорен ден. Секоја торта е направена од внимателно избрани состојки и со најмногу љубов како тајна состојка. Ви овозможуваат и посебни услуги, односно сите ваши фотографии, заеднички шеги со пријателите, роденденски пораки, запросувања, спортски успеси или едноставно најубавите моменти да ви бидат најслатки. Одберете вкус и подарете торта со фотографија, направена на врвна опрема од светски производители со сите сертификати и на хартија и со бои кои можат да се јадат.

– Со нас, секоја торта раскажува своја приказна… Да ги креираме заедно, потенцираат од „Мама Љубинка“.