АктуелноОхрид

Опожарена површина со трска кај месноста „Трно“ во Охрид

На 20.04.2025 во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска.

 

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.