Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност од 14 до 20 април 2025 година, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ-ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“ Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.
Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени производи, срества за хигиена, облека, обувки, кои можат да се достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ 52, секој работен ден од 8-16 ч.
Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем на лица на кои помошта им е најнеопходна.
