АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охриѓанката Есма повторно со прва награда на Балкански натпревар за фризури во Грција

Овојпат во Солун , соседна Грција се одржа Балканскиот фестивал со традиција од скоро три децении и се смета како најстара организација во бјути индустријата. По пауза од пандемијата за прв пат оваа година овој натрпевар се одржа повторно во месец март. Свое учество на овој натпревар зеде и познатата Есма Сабри која зад себе нижи се повеќе успеси и впечатливи креации на фризури.

-Наша гордост и среќа е тоа што организатор и координатор на Балканските групи е нашата претседателлка Софија Теса, која секогаш се бори талентите од Македонија да ги покажи на светските сцени. Освен тоа што учествував во шоу претставата на нашата државна тема Мерлин Монро, мене ми се даде можност и воедно на нашата Македонија прв пат да  учествува на натпревар. Јас учествував во дисциплина за свечена фризура и го осовив првото место. Ова за мене е по втор пат да освојам прво место годинава и е навистина голем успех, но и за мојата Македонија, истакнува Есма Сабри во изјава за Охрид1.

Таа додава дека самото чувство да се биде дел од ваков сериозен натпревар е навистина неописливо, а уште повеќе да ја претставуваш својата држава на ваков начин е големо достигнување.