На факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, неодамна се одржа XXXVI државен натпревар по информатика – област програмирање.
Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид постигнаа одлични резултати. Климент Велкоски од IV година освои III награда, а Илија Волканоски од III година доби пофалница, двајцата под менторство на проф. Елизабета Левеска.
– Им честитаме на учениците и менторот и им посакуваме уште поголеми успеси, порачуваат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.
ohridpress.mk
