П ВОДОВОД Охрид ги известува жителите на с. Велгошти дека по санирање на дефект и пуштање на водата во водоводната мрежа констатирано е одсуство на резидуален хлор во водата за пиење. Од страна на надлежните служби а врз основа на направената анализа во ЦЈЗ Охрид, дадено е решение за забрана за пиење на водата од водоводот во с. Велгошти. Дадена е и препорака при употреба на водата за пиење истата да се преврива 30 – 40 минути. Оваа препорака важи се додека ЈП ВОДОВОД Охрид не излезе со ново соопштение, одкако ќе ги добие резултатите од повторената анализа на водата за пиење во с. Велгошти, направена од страна на ЦЈЗ Охрид.
