АктуелноОхрид

Одлични резултати на учениците од ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски“ на регионалните натпревари

На 28.03.2025 година, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше домаќин на регионалните натпревари за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка, На овој натпревар покрај учениците од нашето училиште учествуваа и ученици од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и СОУ „Таки Даскало“ од Битола. Нашите ученици постигнаа одлични резултати.
Учениците:
✔ Кети Јоноска од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Јулијана Петреска, Владо Јанкулоски, Билјана Ристоска и Јане Цаноски
✔ Мелсат Диковски од образовниот профил Машински техничар за моторни возила под менсторство на професорите Ангеле Буџакоски, Душко Цветаноски и Петар Пројкоски
✔ Сара Ѓорѓиеска од образовниот профил Техничар за патен сообраќај под менсторство на професорите Наташа Гредоска, Весна Нанеска и Ѓоко Милески
го освоија првото место,
а ученикот
✔ Владимир Котоски од образовниот профил Електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Горан Јанковски и Сашо Ѓоргиески го освои второто место.
На сите ученици и нивните ментори им честитаме за постигнатиот успех . Сите ученици се здобија со право на учество на Државниот натпревар.
На Државниот натпревар ќе учествуваат и учениците:
✔ Сара Илоска од образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации
✔ Адријан Дине од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника
✔ Наум Димитријески од образовниот профил Машински техничар
✔ Наум Сарафилоски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување
✔ Јана Василева од образовниот профил Техничар за производно машинство
На сите ученици им посакуваме успех и на Државниот натпревар