АктуелноОхрид

Охриѓанец се обидел да исфрли пакување со кокаин при преглед на неговото возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (37)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во патничквозило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да исфрли пакување со кокаин, кое било одземено, а лицето било лишено од слобода.