Факултетот за медицински науки на Универзитетот на Мерко повторно е вест, неколку месеци по добивањето дозвола за работа од претходната влада. Министерството за образование и наука побара од Собранието разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование, Расим Зуфери, во чии рамки е Агенцијата и Одборот за акредитација во високото образование. Министерството во извештајот вели дека критериумите не биле испочитувани и имало пропусти при доделувањето на акредитацијата на Факултетот за медицински науки при Меѓународниот универзитет Струга. Според извештајот, директорот е одговорен за одлуките на Одборот за акредитација и Одборот за евалуација. Комисијата го одобри предлогот за разрешување и истиот мора да биде одобрен и на пленарна седница.
Во извештајот доставен до Собранието, Министерството ја има доставено и одлуката за укинување на одлуката за отпочнување со работа на Факултетот за медицински науки.
Расправата за разрешување на директорот Зуфери, се одржа во Комисијата за избори и именувања во Собранието.
Европскиот фронт се противи. Според нив, Собранието не ги почитувало процедурите за навремената дистрибуција на материјалите и дека на директорот Зуфери треба да му се даде простор за појаснување. Некои од нив дури и ја нарекоа политичка одмазда врз основа на етничка дискриминација.
„Вие преку оваа комисија и преку овој начин на работа настојувате да шверцувате одлуки кои сигурно ќе и одговараат на вашата политика, но ова не е во ред. Ние како пратеници имаме со деловник, со закон, со Устав, ни припаѓа и имаме право да имаме пристап до материјалите. Друга работа што загрижува е зошто не му беше овозможено на споменатиот господин да биде присутен тука, и да ги презентира резултатите од својата работа. Ако Собранието избере такви личности, треба да им се даде можност да дојдат тука и да ја оправдаат својата работа и да не ги добиваат информациите за разрешување по телефон”, рече Рина Ајдари, Европски фронт.
„Министерката не е таму да води постапка. Од овој извештај, таа извлекува заклучокот, кој е фатален бидејќи не е спроведена ниедна постапка против ова лице. Доколку се спроведе транспарентна постапка и се утврди вината, не е проблем. Во одлуката нема никаков факт. Како разрешувате некого без да имате факти? Ако воопшто ја почитуваме правдата, не велам дека тој не е виновен, можеби е целосно виновен, но презумпцијата на невиност мора да се почитува”, рече Сали Мурати, Европски фронт.
Алсат испрати прашања за коментар на официјалната електронска пошта на директорот Зуфери, од веб-страницата на Агенцијата за квалитет на високото образование, но досега не добивме одговори.
Претходната влада на СДСМ-ДУИ на крајот од својот мандат и само неколку дена пред заминувањето, брзо ја даде одлуката за формирање на оваа студиска програма. Од Универзитетот било упатено барање на 7 јуни, а на 11 јуни тогашниот министер за образование Јетон Шаќири ја потпишал одлуката за исполнување на условите, за отпочнување со работа на оваа институција, која, како што вели, ја имал врз основа на извештајот на комисијата во рамките на министерството.
Меѓународниот универзитет во Струга, познат во јавноста како Универзитетот на Рамиз Мерко, постојано се соочува со критики за начинот на кој отвора нови насоки, запишување на студенти и доделување дипломи.
alsat.mk