UncategorizedАктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

И З М А М А со лажни СМС пораки ПОШТЕНСКА ПРАТКА се шири низ Македонија

Повторно се шири измама со пораки за испорака на пакети кои наводно ги испраќа „Пошта“ . Станува збор за класична фишинг измама преку СМС, која е особено интензивна за време на празници или сезонски попусти кога голем број луѓе очекуваат испорака на пакети.

Измамниците се потпираат на непромисленоста на луѓето кои без да размислат кликаат на линкот кој им се праќа во пораката по што може да пристапат до телефонот, маилот, социјалните мрежи и на крај до вашата банкарска сметка.

Измамниците со текот на годините станаа погенијални, поубедливи и поавтентични, па полицијата се уште добива голем број пријави од измамени граѓани.

Во овие типови пораки, измамниците користат лажни информации за да ги измамат примачите да кликнат на врска. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од услуги за испорака, банки, телекомуникации или други легитимни институции.

Претходно жртви на телефонски измами беа повеќе Охриѓани кои поверувале дека имаат криптовалути, но за да ги добијат партие уплаќале и по 6000 евра.

Слични измами деновиве има и во Србија и Хрватска.

Охрид1