Познатиот Охриѓанец и градски лик Саше Топал кој оваа зима ужива во далечната и топла Австралија, беше на турнирот кој се одржува во Бризбејн каде имаше прилика да го гледа светскиот тенисер број еден, живата спортска легенда Новак Ѓоковиќ.
За време на досегашните дуели на турнирот во Бризбејн, Ѓоковиќ покажа сигурна игра и без поголеми потешкотии стигна до четвртфиналето.
Српскиот тенисер во првото коло беше подобар од Ринки Хиџиката, а потоа го совлада и Гаел Монфис, добивајќи ги двата меча без загубен сет.
.