АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Охрид преполн на 1 Јануари – Србите најбројни туристи

Охрид денес преполн со туристи ја започна новата 2025 година. Во градот најбројни се Србите, а има и туристи од Албанија.

Туристите од Србија се дојдени во сопствена режија, но има и стотици студенти кои се дојдени организирано преку туристички агенции кои го организираат патувањето со сите содржини од забави на бродови, до забави во клубови, а вака вчера изгледаше пристаништето во Охрид додека студентите од Србија се качуваа во бродовите каде се организираа журки.

 Шеталиштето е преполно, во кафетериите и рестораните тешко се наоѓа слободно столче, бродовите и катамараните преполни возат цел ден, сообраќајот се одвива отежнато со автомобили кои во колони споро се движат низ центарлните градски улици, а паркинг просторот е целосно исполнет и тешко е да се најде место.

КЕЈ МАКЕДОНИЈА во Охрид на 1 јанури 2025

УЛИЦИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД

Ohrid1.com