АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Ден 5- Охридска новогодишна приказна

Денеска на 28.12.2024 (сабота) новогодишна програма вклучува три интересни настани.
🎁Со почеток во 11:00 часот на потегот кај Сараиште ќе се одржи новогодишниот базар „Вино и винил“, во организација на Младинската културолошка иницијатива „5 до 12“.
🎉Со почеток во 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена новогодишната претстава „Добриот и лошиот Дедо Мраз“. Преку оваа забавна и возбудлива приказна, децата учат за важноста на добрината, дарувањето и другарството и дека новогодишниот дух е во срцата на сите. Во претставата играат Јасмин Рамани и Мето Јанакиевски, а автор е Марјан Анѓеловски.
🎊Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да уживаат во музичките хитови на фестивалот „Распеано рибарче“ со гости од детскиот фестивал „Радика“, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.