АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Синоќа со свечена академија во Центарот за култура „Григор Прличев“ го одбележавме 8 декември, празникот на Свети Климент Охридски – Патрон на градот

Највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ му беше врачена на проф. д-р Павле Митрески, долгогодишен научник и истражувач на историското минато на Охрид и Македонија.
Добитници на повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ се клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група Аматер, односно Културолошка иницијатива 5 до 12“.
Чествувањето продолжи со прекрасен музичко сценски перфоманс на децата од училиштето, рецитал на бардот на македонското глумиште Петре Темелкоски и настап на поп ѕвездата Влатко Лозаноски.
Деновиве звукот на камбаната од Плаошник празнично бие, за да не потсети на едно дамнешно време, кога нашиот Свети Климент ги просветувал и просветлувал луѓето и бил нашата најчиста поврзаност со Бога. Ние охриѓани, веруваме дека и денес Свети Климент се уште со фенер во рацете шета низ Охрид и го чува нашиот град и сите нас.Та затоа како народ треба да бидеме вечни чувари на Свети Климентовото дело и како што не учи нашиот светител „Да го прославуваме Господа наш со добри дела и да се надминуваме еден со друг со добрина, напиша во својата обајава градоначалникот Кирил Пецаков.