Групацијата на граѓански организации “Збогум Буково” Ве поканува на јавна панел
дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“, која што ќе се оддржи на
05.12.2024 (четврток) во Касарна Хаб, Охрид.
Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори
спроведени според Планот за управување со отпад во Југозападен регион, пречките во
неговото остварување, здравествените проблеми кои настануваат со ненавремено
решавање на овие еколошки проблеми и треба да понуди можност за изнаоѓање
решенија во таа насока.
На оваа панел дискусија како учесници се поканети експерти од областа на
здравството, правилното управување со отпад, претставници на јавни институции како
и претставници на невладиниот сектор кои работат на подигање на свеста во однос на
проблемот со дивите депонии во Македонија, проблемот со енормоното загадување и
изнаоѓање на оддржливи решенија:
– Ана Каранфилова Мазневска, Раководител на Сектор за управување со отпад
во Министерството за животна средина и просторно планирање
– Проф. Д-р Драган Ѓорѓев, Специјалист по хигиена со здравствена екологија
– Емил Ангелов, Проектен координатор на САЛАР Интернационал
– Блаже Јосифовски, Гоу Грин, Скопје
Детали за панел дискусијата:
Дата: 05.12.2024
Место: Касарна Хаб
Време на почеток: 12:00 ч.
Модератор: Ѓоко Зороски
Тема: Дивите депонии Буково и Мауцкер, здравствени ризици и план за нивно
санирање
Изјави за медиуми: 14:00 ч.
Јавна панел дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“ во Касарна Хаб, Охрид
Редакцијадекември 4, 2024
posted on