Наш ИзборНаш изборОхрид

Јавен повик за доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен обележја

Согласно членовите 5 и 17 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја, за период од пет години.
Со цел, максимална транспарентност и вклучување на стручната јавност, Општина Охрид упатува Јавен повик до правните и физичките лица да достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
Предлозите, задолжително, треба да содржат:
– податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење;

– порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето;

– основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен – обележјето.

4. Предлозите, најдоцна до 20.12.2024 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.