На вчерашната вонредна седница на Советот на општина Охрид се одлучи 28 ноември да биде ден на жалост, по повод смртта на владиката Тимотеј.
Сите културни, забавни, спортски и други настани и манифестации за утрешниот ден, ќе бидат откажани на целата територија на Општина Охрид.
Погребот на владиката Тимотеј ќе биде денес на Плаошник.