Наш ИзборНаш изборОхрид

Проценка на ранливост и капацитети во организација на Црвен крст и Црвената полумесечина

Во периодот од 13-16 ноември 2024 г. во организација на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, претставници од 8 земји од регионот,  во Охрид, ќе спроведат заедничко истражување наменето за проценка и справување со поголеми ризици кои имаат влијание врз заедниците, со цел да се утврди ранливоста на луѓето во однос на ризиците како и зајакнување на капацитетот за справување и опоравување од одредена катастрофа.

Проценката на ранливост и капацитети (ПРК), преку посебни алатки ја мери изложеноста на луѓето и нивните капацитети за отпорноста од природните катастрофи и несреќи и придонесува во креирањето на програми за подготвеност при катастрофи во заедницата.

ПРК овозможува идентификација на локалните приоритети и превземање на активности за намалување на ризиците од катастрофи како и асистирање при развивањето и изработувањето на програми кои се взаемно поддржувачки и подготвени за имплементација.

Значајната посветеност и подготвеност на Црвен крст Охрид за дејствување и одговор при катастрофи во регионот, ја отвори можноста на општина Охрид, преку користење на нова европска методологија, да и биде извршена Проценка на ранливоста и капацитети.

За таа цел, четири групи за проценка денес ќе остварат работни средби  со стручни и компетентни лица во делот на справување со кризи во Општина Охрид, на кои ќе учествуваат и претставници на ТППЕ Охрид, претставници на Јавните претпријатија Водовод и Нискоградба, Центарот за управување со кризи-одделение Охрид, Секторот за ТЛЕР, преставници на Центар за јавно здравје-делот за епидемиологија, претставници на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа и претставници на Црвен крст Охрид.

На средбите ќе се дискутира за проблематиката поврзана со делувањето на соодветните сектори/претпријатија/институции на територијата на општина Охрид, во насока на дефинирање на ризиците и капацитетите за одговор на секојдневните предизвици и оние кои доаѓаат со сѐ почестите елементарни непогоди и катастрофи.