На 13.11.2024 во 13.50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (26) години од струшкото село Враништа.
При преглед во возило „опел“, во кое се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.